- Нема да ми е важно
Кога ќе умрам и врз мене кога пролетта ведра
Коса натопена дожд ќе затресе тажно,
Иако над мене ќе се сведнеш со скршено срце,
Нема да ми е важно.
Ќе најдам мир, како што дрвјата се мирни
Кога мразот гранки им стега,
И ќе бидам понема и со постудено срце,
Одошто ти си сега.