Saturday, April 01, 2006

Џон Eшбери (САД, 1927-)

    Некои дрвја


    Неверојатни се: дрворед
    Од соседи, едно до друго, небаре говорот
    Е нема претстава.
    Правејќи случаен договор

    Утрово да се сретнеме толку далеку
    Од светот колку што се согласуваме
    Со него, јас и ти
    Одеднаш сме тоа што дрвјата ни

    Велат дека сме:
    Дека самото тоа што тие се
    Тука, значи нешто; набргу може ќе
    Се допреме, засакаме, објасниме.

    И среќни што не сме измислиле
    Некаква убавина, опкружени сме:
    Тишина веќе исполнета со бучава,
    Платно на кое се појавува

    Низа насмевки, зимско утро.
    Сместени во мистериозен сјај, и раздвижени,
    Нашите дни таква срамежливост облекуваат
    што акцентиве се чини сами си се одбрануваат.






 
template by suckmylolly.com