Saturday, October 01, 2005

Е. Е. Камингс (САД, 1894-1962)

    ти благодарам Боже за нај овој чудесен


    ти благодарам Боже за нај овој чудесен
    ден:за зелените извишени души на дрвјата
    и за синиот вистинит сон на небото; и за сè
    што е природно и бескрајно и што вели да

    (јас кој бев умрен денеска пак земам здив
    и ова е ден на сонцето; роденден е денеска
    на животот љубовта крилјата: пак сум жив
    на земјата радосна настанлива бесконечна)

    како преку нашиот вкус допир вид слух
    здив, како кој било-кренат од не и ни-
    штожност-кој било човечки прост дух
    да се сомнева во незамисливото Ти?

    (сега ушите на моите уши се разбудени
    и сега очите на моите очи се отворени)




 
template by suckmylolly.com