- Арболé, Арболé...
Дрво, дрво
суво и зелено.
Девојката со убаво лице
надвор бере маслинки.
Ветрот, љубовник на кулите,
ја грабнал околу половината.
Четири јавачи поминаа
на коњи андалузиски,
со сини и зелени палта
и големи темни наметки.
„Дојди во Кордова, мучача.“
Девојката не сака да чуе.
Тројца млади тореадори минаа,
тенки во половината,
во палта со боја на портокали
и мечови од старо сребро.
„Дојди во Севилја, мучача.“
Девојката не сака да чуе.
Кога попладнето стана
темно кафено, со распрскан сјај,
еден младич помина,
во ружи и мирта месечева.
„Дојди во Гранада, мучача.“
Девојката не сака да чуе.
Девојката со убаво лице
продолжува да бере маслинки
со сивата рака на ветрот
стегната околу половината.
Дрво, дрво
суво и зелено.