- Зимски дрвја
Сите сложени ситници
на облекувањето и
слекувањето се свршени!
Течна месечина
нежно се движи
низ долгите гранки.
Откако вака си ги подготвија
пупките пред сигурната зима
мудрите дрвја
стојат заспани на студот.
Posted by M. at 8:00 AM
template by suckmylolly.com