- Дрвја
Ги гледам дрвјата
едно од нештата што ќе ми недостигаат
најмногу од земјава
иако на многу од тие што сум ги видел
веќе не можам да се сетам
и иако ретко ги прегрнувам тие што ги гледам
и никогаш не сум знаел да зборувам
со дрво
Ги слушам нежно
нивните имиња никогаш не ги допреле
над мојот сон тие стоеле
и кога ми било забрането да се качувам по нив
ме носеле во нивните гранки