- На полпат
Во право си. Да се влезе во тебе
или во мене
е да се влезе в шума
во која сè е живо.
Лисјата растреперени со приватни гестикулации.
Присуството е продорен мирис,
окото шпион во кожа на дрво:
движејќи се небаре родени тука
откриваме
како формата се отвора кон форма:
корен станува папрат станува дрво.
Како животот постојано се отвора -
незапирлива шума
што пука со лисје и ластари.
Ако ова звучи како скица
наместо писмо
ноќва шумата е толку полна со облици и звуци
што не знам од кај да почнам
ни кај да завршам
а ти?