- Вертикална сум
Но би сакала да сум хоризонтална.
Не сум дрво со коренот во почвата
Што впива минерали и љубов мајчинска
За потоа секој март да блеснам разлистана,
Ниту сум убавицата на цветната леа
Што мами воздишки со спектакуларната боја,
Не знаејќи дека ќе ги изгуби ливчињата наскоро.
Во споредба со мене, дрвото е бесмртно
А цветчето не е високо, но е вџашувачко.
Копнеам по долговечноста на првото и смелоста на второто.
Вечерва, во бескрајно ситната ѕвездена светлина,
Дрвјата и цвеќињата си ја расфрлаат студената миризба.
Чекорам меѓу нив, но ниту едно не ме забележува.
Понекогаш мислам дека кога сум заспана
Мора најсовршено да им наликувам—
Со мисла изгасена.
Поприродно ми е, кога сум легната.
Тогаш небото и јас отворено разговараме,
А кога засекогаш ќе заспијам, ќе бидам корисна:
Дрвјата може ќе ме допрат, цвеќињата ќе имаат време за мене.