- Autobiographia Literaria
Кога бев дете
си играв во еден агол
на училишниот двор
сосема сам.
Мразев кукли и
мразев игри, животните
не ме сакаа, а птиците
одлетуваа.
Ако некој ме бараше,
ќе се скриев зад некое дрво
и ќе викнев „Јас сум
сираче.“
А види ме сега,
центарот на сета убавина!
ги пишувам песниве!
Замисли!