Sunday, May 01, 2005

Филип Ларкин (В. Британија, 1922-1985)

    Дрвјата


    Дрвјата полека гранки разлистуваат
    Како некоја порака речиси изречена;
    Пупките се отвораат, небаре излечена
    е зелената тага што ја покажуваат.

    Дали тие успеваат да се препородени,
    А ние сме сè постари? Не, и тие умираат.
    Тоа што напролет ластари им провираат
    им е пишано во зрното со прстени.

    Сепак тие тврдини ја нишаат отсечно
    сета своја раскошна густина секој мај.
    Велат, на ланската година ù дојде крај,
    Почни од почеток, почеток, почеток.






 
template by suckmylolly.com