Saturday, April 01, 2006

Алис Освалд (В. Британија, 1966-)

    Дрво уште неизлезено


    затворено и сеопфатно, се навалува земјата
    врз него за да го заштити од ветрот што дува,
    една верверица што дотрчува се изненадува
    гледајќи делови далечина косо меѓу дрвјата
    и кај што прескокнуваш ограда парче вреќа
    оставено место скалило, пајажини минуваш,
    крцкави гранчиња си ги кршат тајните, свеќа
    е сонцето, за миг се појавува па си заминува.
    кога веќе си внатре, одвај забележуваш дека
    шумата постојано ја извишува надежта своја,
    толку сакам меѓу шушкавите дрвја, што лека
    ме пуштаат низ гранки, токму таму да стојам—
    дождот, мислејќи оти ме нема, крцкајќи паѓа
    и го вика по име лисјето што допрва се раѓа





 
template by suckmylolly.com