- Бунарот и дрвото
„Човекот што го славам јас,“
празниот бунар вика,
„живее така што умее со глас
на едно ѕвоно да ги довика
кравите што даваат млеко
пред прагот да му дојдат леко.
Кој освен будала би ја сликал
на бунарот сувата камена лика?“
„Човекот што го славам јас,“
вика безлисното дрво,
„е женет и седи в ноќен час
крај огништето, и на прво
место му се децата, родот,
и кучињата заспани на подот.
Кој освен будала би опеал
дрво чии лисје ветер ги одвеал?“