- Дрвото и небото
Едно дрво чекори наоколу на дождот,
брзо нè одминува во растеченото сивило.
Има работа. Собира живот
од дождот како ќос во овоштарник.
Штом дождот запре, запира и дрвото.
Ене го, тивко во ведрите ноќи
го чека, како што го чекаме ние, мигот
кога снегулките ќе расцутат во воздухот.
Две борови фиданки се исправаат
и завршуваат во долги шупливи тапани.
И градовите и сонцето се заминати.
Громот е во високата трева.
Можно е да се довика островот од фатаморганата.
Можно е да се слушне сивиот глас.
Железната руда е мед за громот.
Можно е да се живее по сопствени правила.