- Конечно собрав храброст
да прозборам со неа
Беше седната спроти мене
во автобус. Реков, „Дрвјата
се многу позелени во овој дел
на земјата. Во Њујорк сè е
некако безбојно.“ Рече, „Мене
ми се чинат исти. Покажи ми
дрво што е поинакво.“ „Ене она,“
реков. „Кое?“ рече таа. „Сега е
предоцна,“ реков; „веќе помина.“
„Кога ќе видиш друго,“ рече,
„кажи ми.“ И продолжи
да си ја чита книгата.