Tuesday, November 01, 2005

Луиз Глик (САД, 1943-)

    Утринска


    Те интересира како го минувам времето?
    Чекорам низ тревникот пред куќата, навидум
    плевејќи. Би требало да ти е јасно
    дека никогаш не плевам, на колена, корнејќи
    ракатки детелина од цветните леи: всушност
    барам храброст, барам некаков доказ
    дека животот ќе ми се смени, иако ми треба
    цела вечност дури ја проверам секоја ракатка
    за да видам дали го крие тоа симболично
    ливче, а наскоро летото ќе заврши, лисјата
    веќе пожолтуваат, болните дрвја секогаш
    заминуваат први, тие што умираат добиваат
    јасна жолта боја, додека неколку темни птици
    ја изведуваат својата музика за прибирање дома. Сакаш
    да ми ги видиш рацете? Празни, како и при првата нота.
    Поентата да не е сепак
    да продолжам без знак?




 
template by suckmylolly.com