Wednesday, February 01, 2006

Џејн Хиршфилд (САД, 1953-)

    Оптимизам


    Сè повеќе и повеќе почнав да ја почитувам жилавоста.
    Не таа проста отпорност на перницата, чијашто пена
    му се враќа одново и одново на истиот облик, туку таа кривулеста
    упорност на дрвото: откривајќи ја светлината одеднаш попречена
                                                                              од едната страна,
    тоа се врти кон другата. Слепа интелигенција, вистина.
    Но од ваквата истрајност настанале желките, реките,
    митохондриите, смоквите — сева оваа смолеста, неотповиклива земја.






 
template by suckmylolly.com