- Мигот
Мигот во кој, по многу години
напорна работа и долго патување,
застануваш сред твојата соба,
куќа, нива, милја квадратна, остров, земја,
конечно сфаќајќи што те донело таму,
и велиш: Ова е мое,
е истиот миг кога дрвјата ги разлабавуваат
нивните меки раце со кои те прегрнувале,
птиците си ги земаат нивните песни,
гребените испукуваат и се уриваат,
воздухот се оддалечува од тебе како бран
и не можеш да дишеш.
Не, шепотат. Ништо не е твое.
Ти беше посетител, повторно и повторно
искачувајќи го ридот, садејќи го знамето, објавувајќи.
Ние никогаш не ти припаѓавме.
Ти никогаш не нè пронајде.
Отсекогаш беше обратно.