Sunday, May 01, 2005

Габриела Мистрал (Чиле, 1889-1957)

    Борова шума


    Ајде да влеземе сега во шумата.
    Дрвја ќе ти минуваат крај лицето,
    а јас ќе застанам и ќе им те понудам,
    но тие не можат да се наведнат.
    Ноќта бдее над своите суштества,
    освен боровите што не се менуваат:
    старите ранети извори од кои извираат
    благословени смоли, вечни попладниња.
    Кога би можеле, дрвјата би те кренале
    и би те носеле од долина до долина,
    и би те подавале од рака на рака,
    дете што трча
    од татко кон татко.




 
template by suckmylolly.com