Wednesday, March 01, 2006

Пабло Неруда (Чиле, 1904-1973)

    III од "Книга прашања"


    Кажи ми, дали ружата е гола
    или го има само тој фустан?

    Зошто дрвјата го прикриваат
    раскошот на нивните корења?

    Кој го слуша каењето
    на автомобилот што краде?

    Има ли на светов нешто потажно
    од воз што стои на дождот?






 
template by suckmylolly.com